Џејк Џиленхол: „Снимањето интимни сцени со Џенифер Анистон беше мачење“

Џејк Џиленхол го опишал снимањето на секс сцените со Џенифер Анистон како 'мачење', објаснувајќи ги потешкотиите со кои актерите се соочуваат, обидувајќи се обидуваат сцената да ја направат реална.

Парот заедно глумеше во романот „The Good Girl“ од 2002-ра година, каде се двајца љубовници кои се впуштаат во вонбрачна врска.

Џиленхол кој претходно во интервјуата откриваше дека бил 'заљубен' во ѕвездата на „Пријатели“, зборувал за снимањето на секс сцените.

„Тие снимања беа мачење... но и не, беа некако и двете“, рекол актерот, па се пошегувал:

„Чудно, љубовните сцени се непријатни, бидејќи можеби ве гледаат 30, 50 луѓе? Тоа не е нешто што мене би ме возбудило“.

Актерот исто така го опишал процесот на снимањето на сцените како 'чудно механички'.

„Тоа е танц, кореографија за камера. Можете да влезте во тоа, но тоа е како сцена со борба, мора да ги играте тие сцени“.

Џиленхол открил дека сцените се снимени користејќи нешто што го нарекол 'техника со перница'.

„Користена е техника со перница. Тоа беше само превентивно и се користеше генерално секогаш кога всушност се наоѓате во хоризонтална положба во таа сцена“.

Коментари

Популарно