(Фото) Бритни Спирс повторно во центарот на јавноста

Бритни Спирс вчера оствари голема победа откако судијата од Лос Анџелес го суспендираше неговиот татко од контроверзното место на старател со што ја контролираше пејачката 13 години.

Пејачката не присуствувала на рочиштето, но се огласила на социјалната мрежа Инстаграм споделувајќи видео како таа управува со авион, што е јасна асоцијација на слобода.

Бритни потоа одлучила победата да ја прослави на непозната локација на Пацифик со својот вереник Сем, а отишла и чекор понатаму, па на профилот споделила низа фотографии на кои позира гола со опис:

„Играњето на Пацифик никогаш никому не му наштетило..“.

Коментари

Популарно