(Видео) Славната пејачка настапи целосно гола во новата емисија на „Saturday Night Live“

Шоуто „Saturday Night Live“ ја започна својата 47-ма сезона со – голотија. Во емисијата гостувала 33-годишната пејачка Кејси Масгрејвс која пеела на сцената додека на себе носела само пар каубојски чизми.

Целосно гола, таа ја извела песната „Justified“ од својот нов албум, а интимните делови ги покрила со гитара. Ова е првиот разголен момент во историјата на оваа забавна емисија.

По провокативниот настап, Кејси уште еднаш се вратила на сцената за да ја изведе песната „Camera Roll“, но тогаш се појавила целосно облечена, во фармерки и фланелна кошула.

Масгрејвс на Твитер, осврнувајќи се на својот настап, споделила фотографија од познатата сцена од филмот „Forrest Gump“ во која Џени настапува гола, прекриена единствено со гитара.

Кејси Масгрејвс е кантри пејачка, добитничка на повеќе Греми награди помеѓу кои и онаа за албум на годината и најдобра кантри песна.

Таа ја започнала својата кариера на 18-годишна возраст, заработувала така што снимала демо снимки, а нејзината мајка ја водела на локални музички фестивали. Нејзината професионална кариера започнала во 2008 година додека живеела во Остин, кога нејзиниот талент го открил продуцентот Монт Робисон.

Четири години подоцна го издала дебитантскиот сингл „Merry Go ‘Round“ кој постигна голем успех, а веќе на 56-то доделување на Греми наградите, пејачката беше номинирана во 4 категории покрај Тејлор Свифт и Лорде.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by K A C E Y (@spaceykacey)

Коментари

Популарно