Храна од која ќе имате енергија во текот на целиот ден

Многумина од нас веднаш штом се разбудат сакаат да се расонат и да го зголемат нивото на енергија со кафе или чај. Меѓутоа, многу експерти не препорачуваат топли пијалаци наутро, туку денот да го започнете со чаша вода, па суво овошје, па по еден час може да следи и кафето.

За да имате постојано енергија мора редовно да јадете, тоа значи барем 5 мали и внимателно одбрани умерени оброци на ден. Ако се прејадете, брзо ќе почувствувате надуеност, непријатност во стомакот, па дури ќе се чувствувате поспани.

Нутриционистот Вибха Пури за PinkVilla наведе неколку намирници кои ќе ви помогнат во текот на целиот ден да бидете енергични.

Банани

Богат извор се на калиум, витамин Б6 и сложени јаглехидрати. Бананата може да послужи како гориво за тренинг или извор на енергија за вршење на секојдневните обврски. Освен витамин Б6, содржат и витамин Ц кој е силен антиоксиданс бидејќи ги штити клетките од слободните радикали. Исто така, воој витамин помага при апсорбиција на железото и во создавањето на колаген.

Може да јадете банани за појадок или како ужина пред тренинг.

Јајца

Белките се богати со протеини кои не одржуваат силни и активни во текот на денот.

„Јајцата во изобилие содржат аминокиселина наречена леуцин која помага во разградување на мастите за создавање константна енергија“, вели Пури.

Јаткасти плодови

Општо е познато дека јаткастите плодови се неверојатен извор на јаглехидрати, влакна и омега-3 масни киселини. Оревите, индиските ореви и бадемите се најдобар извор. Учествуваат во зголемувањето на нивото на енергија и го одржуваат човекот неуморен во текот на денот.

„Сите јаткасти плодови, кога се консумираат со кој било млечен производ, го зголемуваат нивото на енергија, задржувајќи ја во текот на денот“, објаснува Пури.

Риба

Масната риба е богат извор на омега масни киселини. Лососот и туната се најдобар извор. Богати се со витамин Б12 кој со фолната киселина делува на регулација на црвените крвни клетки и го подобрува железото.

„Подобри црвени крвни клетки значат подобра енергија и помалку умор“, додава Пури.

Коментари

Популарно