Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе започнат на запад кон средина на денот и преку ноќта ќе се прошират во останатите делови од земјата, а позастапени ќе бидат во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени целзиусови.

Во Скопје, слично време со минимална температура до еден и максимална до 12 степени.

Од вторник следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.

Коментари

Популарно