Колку cekc треба да имате според возраста?

Колку се*с има една просечна двојка? Годините играат голема улога во квантитетот, но и квалитетот на се*суалниот живот на двојките.

Колку и каков се*с ќе имате, пред сѐ зависи од вашата состојба на умот и тоа дали се доживувате како се*суално активна личност или не. Факт е дека се*суалниот живот не е ист во 20-тите, 30-тите или 40-тите години од животот и понатаму.

Двојките со тек на време го поместуваат се*сот надолу на листата на приоритети, а неретко и ги наведуваат годините или физичката подготвеност како пречка за почести се*суални односи.

Најновите истражувања покажаа дека во просек, луѓето на возраст од 18 до 29 години имаат најмногу се*суални односи: во просек 112 пати годишно или два пати неделно.

Луѓето во ворасната група од 30 до 39 години имаат односи околу 86 пати годишно, одноно 1,6 пати неделно.

Огромен пад на квантитетот на се*суалниот живот има во старосната група од 40 до 49 години чии припадници имаат се*с сѐ на сѐ 69 пати годишно.

Истражувачите заклучиле дека наглото опаѓање на се*суалната активност во овие години најчесто се должи на брзото темпо на живеење, семејните обврски, појавата на здравствени проблеми и општиот стрес што значително влијае на либидото.

Коментари

Популарно