Решен дел од мистеријата: Младиот човек кој трча со девојката во бело не е Матеј

27-годишниот Матеј Периш од Сплит исчезнал ноќта меѓу 30 и 31 декември откако го напуштил белградскиот клуб „Готик“ кога му се губи секаква трага.

Полицијата со денови ги пребарува Сава и Дунав бидејќи на снимките од надзорните камери се гледа дека Матеј по излегувањето од клубот се приближил до оградата на кејот, наводно со намера да изврши нужда. Но, тогаш се појавија и снимки од белградските улици каде наводно Матеј Периш се гледа како трча.

Еден од деталите на снимката што ги збуни сите е приказната за девојката во белиот џемпер. Имено, на една од снимките објавени вчера се забележани како трчаат млад човек и девојка. Младиот човек е во кратки ракави и во темна облека. Но, има и темни патики. На сите други снимки, на кои според тврдењата на таткото Ненад Периш, се гледа Матеј, се гледаат бели патики.

Работата е што во истото видео, минута пред да се појават младиот човек во црни патики и девојка во бел џемпер, од другата страна на улицата протрчува млад човек во бели патики. Тој е помалку видлив и релативно е кратко во кадарот. Тоа секако доведе до недоразбирање – двајца млади мажи трчаа приближно во исто време. Едниот трча сам, а другиот трча во друштво на девојка.

На други видеа се гледа млад човек во бели патики како трча низ улиците на центарот на Белград, па полицијата заклучила дека младиот човек кој трчал со девојката воопшто не е Матеј.

Во видеото најпрво се гледа како Матеј трча во горниот лев дел од кадарот, а потоа една минута подоцна трча уште еден млад човек со девојка во бело.

Коментари

Популарно