Делтакрон, откриен нов сој на Ковид-19 во Кипар

Во Кипар е откриена нова варијанта на коронавирусот. Тој е наречен Делтакрон, бидејќи претставува комбинација на постојните, Делта и Омикрон.

Новиот сој е идентификуван во Лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирусологија на Универзитетот на Кипар, соопшти нејзиниот раководител проф. д-р Леонтиос Кострикис.

Во текот на декември биле извршени продлабочени генетски анализи на 1.377 теста, а кај 25 од нив е откриен новиот вид на Koвид-19. Сите тестови биле од хоспитализирани пациенти.

Коментари

Популарно