Го намалува ризикот од срцеви болести, го регулира крвниот притисок и го снижува холестеролот

Овој домашен лек е создаден од страна на познатиот руски хирург Амосов и вистинска ризница на витамини, антиоксиданси и минерали, неопходни за правилно функционирање на организмот.

Амосовата паста го негува и зајакнува срцевиот мускул, го лекува васкуларниот систем и го зајакнува имунитетот.

Денес сите посегнуваат по лековите што ги нудат фармацевтските компании, заборавајќи дека многу поефикасни средства се оние природните.

Доктор Амосов развил цел систем за одржување на здравјето. Николај Амосов ги спасил животите на илјадници луѓе кои боледувале од кардиоваскуларни болести.

Годините работа со пациенти што имале проблеми со срцето го инспирирале да направи домашен лек што ги отстранува сите симптоми. Амосовата паста е лек што секој треба да го има во својот дом.

За овој лек ќе ви требаат:

500 г ореви

500 г суво грозје

500 г суви кајсии

500 г суви сливи

500 г суви смокви

лажица мед

1 лимон

Сомелете ги сите состојки, добро измешајте ги, па додајте лажица мед и исцедете лимон. Доколку смесата е премногу густа, загрејте ја на рингла за да можете да направите хомогена смеса.

Добиената смеса распределете ја во мали тегли. Лекот ќе биде добар за употреба во наредните 6 месеци.

Вака се користи лекот:

Доктор Амосов препорачува да јадете по една лажица 30 минути пред појадок и една 30 минути пред вечера.

Овој лек може да го консумираат и деца поголеми од 3 години, со тоа што дозата во тој случај е една лажица дневно.

Комбинацијата од јаткасти плодови и суво овошје има голема улога во одржувањето на здравјето на срцето.

Предности од употребата на овој лек:

Влијае врз целиот организам. Значајно го намалува ризикот од срцеви болести и васкуларна склероза. Го подобрува централниот нервен систем, го регулира крвниот притисок, спречува тромбоза и создавање згрутчувања. Биоактивните супстанции вклучени во смесата ја активираат еластичноста на крвните садови и го отстрануваат холестеролот. Смесата позитивно влијае врз дигестивниот тракт, ја активира цревната функција и го зајакнува целото тело.

Благотворните витамини и микроелементи што ги содржи го активираат одбранбениот механизам и се одлична превенција од заразни и вирусни болести, особено во текот на есен и зима.

Коментари

Популарно