Се прави од само 2 состојки, а за рекордно време ја елиминира желбата за благо

Премногу честото консумирање слатки неминовно доведува до качување килограми. Желбата за шеќер понекогаш навистина е тешко да се контролира, но со помош на мешавината од овие 2 состојки, и тоа е возможно.

За приготвување ќе ви требаат 100 г ленено семе и 10 г каранфилче.

Сето тоа заедно иситнете го во прав, во мелница за кафе или купете ги сомелени во продавница за здрава храна.

Секој ден земајте по 2 рамни супени лажици, во период од три дена. Правот можете да го додадете во готвена храна, во јогурт или кефир и потоа треба да испиете чаша топла вода (најдобро во утринските часови).

Ленот е богат со влакна, а сиромашен со јаглехидрати. Тоа веројатно е најголемата погодност што ја има лененото семе. Влакната што ги содржи се слузести и се раствораат во вода, а со самото тоа и несварени се движат низ дигестивниот систем. Кога ќе се изеде, лененото семе долго се задржува во цревата и така ја спречува брзата разградба, што доведува до зголемена апсорпција на состојките и подолго чувство на ситост, но и намалена потреба за шеќер.

Каранфилчето ја намалува подуеноста и е моќен антиоксиданс, а воедно го одржува нивото на шеќер во крвта под контрола.

Коментари

Популарно