Се прави од само 2 состојки, а за рекордно време ја елиминира желбата за благо

Премногу честото консумирање слатки неминовно доведува до качување килограми. Желбата за шеќер понекогаш навистина е тешко да се контролира, но со помош на мешавината од овие 2 состојки, и тоа е возможно.

За приготвување ќе ви требаат 100 г ленено семе и 10 г каранфилче.

Сето тоа заедно иситнете го во прав, во мелница за кафе или купете ги сомелени во продавница за здрава храна.

Секој ден земајте по 2 рамни супени лажици, во период од три дена. Правот можете да го додадете во готвена храна, во јогурт или кефир и потоа треба да испиете чаша топла вода (најдобро во утринските часови).

Ленот е богат со влакна, а сиромашен со јаглехидрати. Тоа веројатно е најголемата погодност што ја има лененото семе. Влакната што ги содржи се слузести и се раствораат во вода, а со самото тоа и несварени се движат низ дигестивниот систем. Кога ќе се изеде, лененото семе долго се задржува во цревата и така ја спречува брзата разградба, што доведува до зголемена апсорпција на состојките и подолго чувство на ситост, но и намалена потреба за шеќер.

Каранфилчето ја намалува подуеноста и е моќен антиоксиданс, а воедно го одржува нивото на шеќер во крвта под контрола.

Доктор открива како најбезболно да го отстраниме ушниот восок

Повеќето луѓе, според експертите, неправилно ги чистат ушите. Освен стапчиња, некои луѓе користат и други, често опасни методи, кои не даваат добри резултати. Лекарите објаснуваат дека најважно е да се омекне стврднатиот церумен во ушите.

Посочуваат дека тоа најлесно се постигнува со капнување масло, додека во потешки случаи помагаат шприц и мешавина од оцет и алкохол.

Американскиот педијатар д-р Дејвид Гил нагласува дека никогаш не треба насилно да го отстранувате восокот од ушите, бидејќи за тоа има многу поефикасни методи, меѓу кои и користење на храна од кујната.

Доколку има големо количество на стврднат церумен во увото, многу е важно да го омекнете со масло, така што ќе потопите памук во масло и потоа ќе го ставите во увото без насилно да го туркате.

Потоа протресете ја главата, така што восокот ќе се движи кон надворешниот канал. Потоа почекајте две до три минути и ставете неколку капки масло во увото.

Ако ништо од ова не ви помага, тогаш измешајте оцет и медицински алкохол во сооднос еден спрема еден, а потоа исплакнете ги ушите со оваа смеса, користејќи шприц.

Семките на ова овошје убиваат и до 80% канцерогени клетки

Најстрашната болест на 21 век е ракот и за негово истражување се трошат милиони долари за тезите да се пронајде лек за оваа пеколна болест. Колку што досега е познато, напредок се уште нема.

Од друга страна, статистиките покажуваат дека ракот е една од најпрофитабилните болести за фармацевската индустрија. Во ерата на Интернетот, можеме да видиме бројни приказни на луѓе кои се излекувале од рак на потполно природен начин, без хемотерапии и зрачење.

И од тоа можеме да заклучиме дека првото прашање е колку навистина знаеме за ракот и што ни е кажано. Фармацевската компанија едноставно не сака да ризикува на губитокот на огромните сретства.

Во тој контекст, истражувањето кое е спроведено во Универзитетот во Кентаки за ефектите кое семето на грозјето го има за лекување на рак, резултатите биле ветувачки.

Медицинските експерти откриле дека семето на грозјето убива и до 80% канцерогени клетки.

Оваа студија е објавена во списанието на Американската асоцијација за истражување на канцер и достапна е на увид до сите.

Ова овошје е убедливо најздравото на светот, а го има преку цела година

Нема човек на светот кој не слушнал за јаболка, а ретко кој не ги сака. Има многу придобивки од јадењето јаболка, а не постои лекар или нутриционист кој не би се согласил со фактот дека е добро да се јаде барем едно јаболко на ден.

Здравата исхрана е многу популарна тема во последниве години. Сите ние колективно почнавме повеќе да размислуваме за тоа што јадеме и од каде доаѓа храната што ја јадеме. Стануваме посвесни за тоа како храната што ја јадеме секој ден има влијание врз нашето тело.

Не го лупете јаболкото!

Јаболката складира 2/3 од влакната што ви се потребни за варење во нивната кожа. Освен влакна, кората од јаболкото содржи и антиоксиданси кои го штитат вашето тело од рак, срцеви заболувања и мозочен удар. Ако сте загрижени поради тоа што кората содржи премногу пестициди, погрижете се добро да ја измиете пред да ја излупите.

Избегнувајте семки од јаболка!

Колку и да е јаболкото здраво, неговите семки не се. Згора на тоа, семките од јаболка се отровни и не треба да ги јадете. Не грижете се ако ви се „протнат“ неколку семки овде-онде, но важно е да не ги јадете во големи количини. Семките од јаболка содржат амигдалин. Ова соединение станува цијанид во телото и може да биде опасно.

Јаболката помага во спречување на многу болести

На сите им е јасно дека во 21 век, за среќа, постојат бројни терапии и лекови кога ќе се појави некоја болест. Немојте да бидете измамени со различни природни методи како што се само корекција на диета или недокажани, импровизирани препарати. Сепак, балансирана исхрана богата со овошје, меѓу другото, е еден од клучните предуслови за правилен раст, развој и одржување на здравјето на луѓето.

Докажано е дека јаболката го намалуваат ризикот од сериозни болести, а резултатите од научните истражувања препорачуваат да јадете барем едно јаболко секој ден. Исто така, богати се со витамин Ц, кој е потребен за обновување на имунолошкиот систем. Едно просечно јаболко содржи околу осум милиграми витамин Ц, што е 14 проценти од дневната потреба.

Популарно