10 „страшни“ ситници во cekcoт за кои мажите немаат поим

Жените често се оптоварени со впечатокот што ќе го остават при првиот секс со новиот партнер, но се чини – сосема непотребно. Тоа го потврдуваат и следните 10, непријатни за жените, ситуации во сексот за кои посилниот пол всушност воопшто не се грижи.

Дали е ова ваш прв или деветти состанок

За разлика од жените, на мажите не им е важно на колку „состаноци“ треба да одат пред првиот секс.

Дали носите „бабски“ гаќички

Во момент на толкава возбуда, мажот сигурно нема да ги одбие вашите „бабски“ гаќи. Наскоро и онака ќе останете без нив.

Имате кондоми со вас

Загрижени сте што ќе мисли мажот за вас затоа што носите кутија со кондоми во вашата чанта? Може само да мисли дека сте личност која практикува безбеден секс.

Дали тоа ќе биде најдобриот секс во неговиот живот

Никој не сака лош секс, но кога спиете со некого за прв пат е сосема нормално ако тоа не е сексот на вашиот живот.

Дали се избричивте утрово

Бидете сигурни дека мажот нема да забележи ако имате по некое влакно.

Каква е атмосферата во собата

Нема ни да забележи дали во собата има романтични свеќи и дали свири секси музика. Тој е фокусиран на вас.

Носите “push-up” градник

Не треба да се грижите дека ќе ви го соблече градникот и ќе рече „Измамен сум!“. Сигурно нема да го направи тоа.

Колку пози менувате за време на сексот

Не треба да се докажувате со испробување на секоја поза што ќе ви текне. Ако има нешто повеќе меѓу вас, ќе имате време да експериментирате.

Дали сексот трае цела ноќ

Сексот треба да трае доволно долго за двајцата да постигнете оргазам.

Дали ви треба лубрикант

Не треба да се срамите ако ви треба лубрикант за поудобен однос. Ова нема да ви ја намали страста и сексуалноста, пишува „Zadovoljna.hr“.

Коментари

Популарно