3 брзински трикови како најбрзо да го исчистите вашиот дом

По правило, после секој празник ни останува да ја средиме куќата до најситен детал, а во тоа ќе ви помогнат овие трикови.

Работевте околу велигденските празници, подготвувавте храна, пречекувавте гости и сега би сакале малку да се одморите.

Меѓутоа, за да можете целосно да се опуштите, секако сакате да направите уште една работа, а тоа е брзо да го исчистите домот.

За среќа, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да го направите токму тоа.

На Инстаграм страницата на една жена по име Шантел Мила, која своите профили на социјалните мрежи ги посвети на уредување и чистење на домот, таа на своите следбеници им даде три одлични совети.

Прв совет:

Првиот е да ја исчистите прашината од тешко достапните места како лустерите, а сѐ што треба да направите е да земете ролер за облека и со него да ја соберете прашината.

Втор совет:

Посипете неколку капки есенцијално масло од цитрус во половина шолја сода бикарбона, посипете во тоалетот, втријте и истурете вода, така што вашиот тоалет веднаш ќе замириса и ќе биде чист.

Трет совет:

За да се ослободите од маснотијата во кујната, измешајте вода и оцет во сооднос 50:50 во прскалка, а потоа додадете малку сок од лимон и искористете средство за чистење, доколку е потребно.

Како изгледа сето тоа во пракса можете да видите во видеото од почетокот на текстот.

Коментари

Популарно