Фамилијата потврди, почина Мино Рајола, најголемиот фудбалски агент

Познатиот фудбалски агент, Мино Рајола ја загуби битката за животот, овојпат веста е точна бидејќи ја потврди неговата фамилија.

Пред некој ден излезе вест дека Мино Рајола починал, но потоа беше демантирана од болницата и од самиот агент. 

Овојпат е вистина, фудбалскиот свет остана без Мино Рајола кој почина по тешката борба со болеста. Веста ја потврди неговата фамилија.

„Со неизмерна тага соопштуваме за смртта на најгрижливиот и најневеројатен фудбалски агент каков што беше.

Мино се бореше до крајот со истата сила која ја даваше во преговорите на масите кога ги бранеше нашите фудбалери. 

Мино допре многу животи преку неговата работа и напиша ново поглавје во историјата на модерниот фудбал. Неговото присуство секогаш ќе недостасува.

Мисијата на мино да го направи фудбалот подобро место за фудбалерите ќе продолжи со иста пасија.

Им благодариме на сите за големата поддршка во овие тешки времиња и бараме за почит на приватноста на фамилијата и пријателите во овој момент на тага.

Фамилијата Рајола“, стои во соопштението.

Коментари

Популарно