(Фото) И ова лето Марјана прва се соблече - стартот на летото не и се погоди на лото девојката

Летото уште не почнато, а познатите македонски лица, или барем дел од нив, поитаа први да го покажат своето змиско тело-вретено во бикини. Особено популарните дами, а како по традиција меѓу првите од нив македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојковска.

На социјалните мрежи позната и како една од оние дами без кои нема реклами, лото убавицата како и години наназад, се соблече во бикини или едноделни костими за капање, за да ги рекламира најновите овосезонски модели на најпознатите домашни производители.

Со извајано тело како сирена, Марјана е подвижна реклама за кревање медиумска галама и врева, па затоа производителите многу не се двоумат и нема есапење, кога бираат лице кое ќе ги носи нивните најнови парчиња костими за капење.

Патем обожавателите, лото љубителите и следбениците на социјалните мрежи, особено оние од посилниот пол се почестени со нова тура фотографии од кои не ги симнуваат „влажните погледи“ за илјадници прегледи на бикини позите на згодната, атрактивна и сексапилна водителка.

Но, покрај она што редовно ја скокотка машката фантазија и на рекламната кампања и дава еротска димензија, овој пат беше и нешто друго што и на машката и женската популација обожаватели на лото девојката и создаде тензија и ја стави во недоумица?!

Имено, производителите понекогаш знаат да скројат и по некое специјално парче за оној што ги рекламира нивните производи, па токму затоа сите што го прочитаа натписот: „„Bride“ – „Невеста“ на еден од оние што ги облекла Марјана им отвори дилема токму на оваа тема?

Дали лото убавицата со ова сакаше нешто да наговести, да најави и каже или само уште еднаш да не залаже, па да си го помислиме она што ни стои во потсвеста, откако ќе загриземе на трикот на „божемната“ идна невеста?

Или можеби навистина дошло време лото убавицата да се реши и без костим да „заплива“ во брачните води!?

Марјана желна за бикини или за брак?

Како и да е, Марјана Станојковска и ова лето прва се соблече. Можеби стартот на летото не и се погоди на лото девојката, ама затоа пак можеби летото бргу ќе и врати, па ќе има нешто, по што ова лето ќе го памти?

Коментари

Популарно