Додавањето на еден оброк пред главниот оброк може многу да ви помогне во процесот на слабеење?

Со желба да ослабат, повеќето луѓе одлучуваат да исфрлат оброк или одредена храна од исхраната.

Сепак, дали некогаш сте размислувале поинаку - дека додавањето на еден оброк пред главниот оброк всушност може многу повеќе да ви помогне во процесот на слабеење? Веруваме дека не сте!

Познато е дека секој семеен ручек започнува со чорба или супа, и тоа не без причина. Имено, ова јадење е заслужно за добрата работа на органите за варење, но и помал внес на калории за време на главниот оброк.

Поради оваа причина, супите/чорбите можат да бидат одлични за слабеење, особено кога станува збор за супи кои се богати со зеленчук и полни со влакна. Меѓутоа, за супата да биде ефикасна и да го извлечете максимумот од неа, потребно е да се направи добар избор на состојки и да се следат одредени правила. Затоа, нутриционисти откриваат неколку важни совети на оваа тема.

Уживањето во супи/чорби може да биде неограничено, бидејќи супите се толку разновидни и вкусни што едноставно не можете да погрешите со нив. Предноста е што повеќето супи се генерално многу добри од нутриционистичка гледна точка. Генерално кажано, имаат малку калории, многу малку масти и се полни со здрави состојки, доколку знаеме да го направиме вистинскиот избор.

Дали супата е најдобриот потиснувач на апетитот?

Бројките од една неодамнешна анкета зборуваат сами за себе. Меѓу 60-те учесници (30 мажи и 30 жени) на овој експеримент, кои јаделе супа 12 минути пред секој оброк, откриено е дека сите тие консумирале околу 20% помалку калории по главниот оброк.

За слабеење, во супата треба да се вклучат протеини со малку маснотии. Диетата богата со протеини може да ви помогне да се чувствувате посито во споредба со ниско-протеинската диета, а тоа може да помогне во регулирањето на тежината на долг рок, велат експертите.

Значи, кога подготвувате супа, размислете за опциите како грав, леќа и ситно сечкано пилешко бело месо без кожа. Густината на супата или чорбата може да помогне и за побрзо полнење на желудникот и на тој начин намалување на гладот.

Покрај тоа, предноста на супата во потиснувањето на апетитот е што ја јадеме многу бавно. Имено, истражувањата покажуваат дека побавната исхрана помага побрзо да стекнете чувство на ситост, а со тоа и да внесете значително помалку калории, без воопшто да сте свесни за тоа.

Веруваме дека после овие совети повеќе нема да прескокнувате супа/чорба во ресторан и дека ќе ја вклучите во вашата редовна исхрана. Ќе видите дека оваа одлука ќе ви се исплати повеќекратно!

Коментари

Популарно