Лепа Брена си ја отвори душата

Нејзиното вистинско име е Фахрета Јахиќ, но веќе со децении за повеќето луѓе таа е позната како Лепа Брена. Некои ја обожаваат како Брена, некои пак и приговараат дека не го користи доволно своето вистинско име и дека се срами од него и од своите босански корени.

Во интервју за Avaz.ba, балканската фолк-дива, зборува кога е Брена, а кога Фахрета.

„Мене цел живот ме знаат како Брена, подоцна дојде префиксот Лепа. Се разбира, се потпишувам како Фахрета бидејќи во пасошот стои моето вистинско име. Брена е мојот бренд, дури и мојот сопруг ме вика Брена, пријателите исто така. Единствено мојот покоен татко и мајка ми бе викаа Фахрета, Фахретица. Моето вистинско име остана само уште во службените документи. Се друго презеде Лепа Брена“ – појаснува славната пејачка. 

Во истото интервју Лепа Брена која е родена во муслиманско семејство од Брчко, одговори и на прашањето дали се срами од своето потекло.

„Луѓето на овие простори склони се на тоа постојано некому нешто да докажуваат и да се занимаваат со фамата, а не со суштината. Не гледам зошто некому би му се правдала за работи кои се јасни како ден. Родена сум во Босна и тоа е една битна точка во мојата биографија. Се викам Фахрета и имам прекрасно име. Но, исто така сите ме знаат како Брена. А, најважно од се е што сите ме знаат како уметник кој во целиот регион постави стандарди кога разговараме за шоу бизнисот“ – истакнува Лепа Брена.

Најпознатата пејачка на балканските простори веќе три децении е во брак со поранешниот тениски ас Слободан Боба Живојиновиќ и имаат двајца синови – Стефан и Виктор.

Коментари

Популарно