(Видео) Безбол топче заврши во главата на спортска новинарка

Американската спортска новинарка Кесли Вингер настрада на безбол мечот меѓу Сан Франциско и Колорадо, откако ја удри топче со брзина од 153 км/час. Потоа објави фотографија како изгледа во моментот и глетката е страшна.

Играчот на Сан Франциско, Остин Слејтер, силно го удри топчето, а тоа заврши во главата на новинарката.

Откако и била укажана помош, прегледите покажале дека нема други сериозни последици освен дека на некој начин ќе настрада нејзината убавина.

Коментари

Популарно