(Фото) Скопјанката со џиновски силикони го разведе Пике

Телефоните постојано ми ѕвонат, веста се објави во сите бугарски медиуми, но верувајте, таква е ситуацијата, да јас ништо не смеам сега да коментирам за него – во разговор за ,,Фокус” открива моделот и блогерка Драгана Спасовска, која веќе подолг период живее и работи во Дубаи, а во Бугарија ги наполни страниците во медиумите, како причина поради која се разделиле Шакира и Пике.

Веста дека по 11 години врска од која имаат две деца, се разделиле колумбиската поп ѕвезда Шакира и дефанзивецот на ,,Барселона,, Жерар Пике, е топ тема во светските медиуми.

Како причина за нивната разделба се наведува неверството на фудбалерот со девојка за која многу малку се знае.

Сепак, како што се објави во соседна Бугарија, таинствената девојка поради која се разделува славниот пар е токму Драгана, родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка, која е доста популарна и во Бугарија, бидејќи и таму ја градеше кариерата и беше дел од многу модни настани и избори за убавина.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Коментари

Популарно