Пике тагува по Шакира, а болката ја „лечи“ со алкохол

Изминатите денови една од најактуелните теми во медиумите е разделбата на ѕвездата на Барселона Жерар Пике и популарната пејачка Шакира. Наводно, фудбалерот ја изневерил атрактивната Колумбијка, а после објавата за развод, Шакира ја напуштила куќата и се преселила во Мајами.

Во целата приказна се вклучи и првиот човек на Барселона Жоан Лапорта.

-Пике страшно тагува. Ја имаме таа слика дека играчите се популарни, полни со пари и имаат се што ќе посакаат, но и тие се луѓе како нас. Пике е сјајна личност, еден од нашите капитени кој доста допридонесе за овој клуб, рекол лапорта и додал: 

-Поминува низ тежокпериод и сигурно не му е лесно. Пике ја заслужува поддршката на навивачите на Барселона, кои не би требало да да ги читаат сите тие глупости во таблоидите. Тој е сјајна личност и моментално многу пати. Сите сакаме да му помогнеме и јас ќе бидам првиот кој ќе му ја даде поддршката која ја заслужува.

Наводно, на Пике најтешко му е од фактот што Шакира сака да замине во Мајами, каде има куќа и каде што сака да ги одведе нивните два сина. Фудбалерот се обидува тоа да не го прави и да остани во Барелона.

Според последните информации, стоперот моментално живее сам во стан во Барселона, а како што пишуваат шпанските таблоиди, Пике наводно секоја вечер тагата до доцните вечерни саати ја „лекувал“ со алкохол.

Коментари

Популарно