Новото момче на Анастасија ја почести со луксузен одмор вреден колку еден стан, еден детал е вреден за сите пари

Фудбалерот на Севиља ја изненади својата нова девојка, Анастасија Ражнатовиќ со луксузен одмор по повод нејзиниот 24-ти роденден.

Тие во моментов се на Ибица каде се сместени во еден од најлуксузните хотели на островот.

-Немања изнајми апартман кој е опремен како стан. Има дневна соба, голем тоалет, двор и базен. Само за сместувањето искешира околу 20 илјади евра. Сакаше да и приреди одмор од соништата на Анастасија и му успеа во тоа, вели близок извор до пејачката.

Парот изнајмил и автомобил за да ги посетат сите места на островот, но и јахта.

-Парот ужива на најлуксузните плажи и ресторани на Ибица. На Ибица фудбалерот го земал со себе и својот возач кој е и негов најдобар другар, а со нив е и неговата мајка Оливера, братот Драгиша и сестрата Вања, додава изворот.

Српските медиуми пишуваат дека за сето ова фудбалерот дал повеќе од 35 илјади евра.

Коментари

Популарно