Поддржувачи на партијата ВМРО, предводени од партиските копретседатели Ангел Џамбазки и Александар Сиди, протестираа пред куќата на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во софиската населба Банки.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од информациите на локалните медиуми, причината е одлуката на поранешниот премиер Бојко Борисов и неговата партија, која е главна опозициска сила во бугарското Народно собрание, да поднесат предлог-одлука за одобрување на преговарачката рамка предложена од француското претседателство за членство на Северна Македонија во ЕУ.
 - Copy 39.jpg)
Пратеници на ГЕРБ пристигнаа на протестот па дојде до расправија меѓу двата табора, по што имаше обвинувања за искинати маици и земање мобилни телефони.
Ангел Џамбазки праша како до вчера позицијата на ГЕРБ била непоколеблива, како што заедно ја разработувале за време на нивното заедничко владеење, и праша што се случува од синоќа?
-Што направи Скопје? Ништо. Овие луѓе ни се смеат, ни се потсмеваат, рече тој.