Одбиен францускиот предлог како неприфатлив

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел на прес конференција го отфрли францускиот предлог.

„Северна Македонија е кандидат 17 години. Еве сме тука денес, а преговоротие не се започнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние и Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка кпоја не успеава да се координира и да обезбеди деблокирање на нсшиот европски пат.

Билатералните прашања не смеат да станат мултилатералрен проблем,. Како земја која е посветена на заеднишко решавање, влеговме во преговори со Бугарија да најдеме решение со европски вредности. Месеци наназад го посветувавме времето кон иднината. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да поставби блокада која никому не оди во прилог. Време е ЕУ да ги исполни своите ветувања.

Што се однесува до францускиот предлог, овој предлог е неприфатлив за нас.

Коментари

Популарно