(Видео) Пливачка почна да се дави, па тренерката скокна да ја спасува

Американската натпреварувачка во синхронизирано пливање Анита Алварез колабираше за време на нејзиниот настап на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија. 

Животот на 25-годишната Американка на која и се слоши и почна да се дави, го спаси нејзината тренерка од репрезентацијата Андреа Фуентес.

Откако Алварез паднала во бессознание и почнала да пропаѓа на дното од базенот, Фуентес скокна во базенот и ја извлече на површина каде доби прва помош.

Коментари

Популарно