Змии ќе нè изедат, смок ни падна од дрво до количката на бебето!

Жителите на населбата Хиподром 2 сметаат дека да шетаат змии на Водно е нормално, бидејќи планината им е природно живеалиште, но не и во нивната населба, за која луѓето уредно си платиле комуналии. Се плашат дека низ високата трева се размножиле цели фамилии змии. Ирена Куноска-Михајлова среде улица забележала кошулка од змија, која била отфрлена при преслекувањето. Елена Костовска, пак, вели дека во Хиподром врие од смокови. – Ни падна смок од дрво до количката на бебето!, вели таа. Тие се преплашени и апелираат – од Општината Гази Баба да преземат соодветни мерки. Сличен проблем со влекачи има и во други скопски населби.

Топлото време и неискосената вегетација ги раздвижија влекачите, кои сè повеќе се појавуваат во населбата Хиподром 2, Општина Гази Баба, за која е планирано да прерасне во елитно место за живеење. Плацевите за градење се речиси распродадени и сè повеќе се градат куќи, но, како што се жалат жителите од оваа населба, Општина Гази Баба не го следи развојот.

Иако уредно си платиле за комуналии, улиците и тротоарите не им се асфалтирани, слободните зелени површини се обраснати со висока трева и со џбунови, кои никој не ги коси и низ нив се шетаат змии, кои влегуваат и по дворовите.

– Косачите искосија половина метар од тревата, но џбуновите останаа. Змии ќе нè изедат! – вели Горка Михајлова.

Текстот продолжува на ВЕЧЕР.

Коментари

Популарно