ВИДЕО: „Тојота“ заврши во Охридското езеро

Автомобил марка „тојота“ заврши во Охридското езеро на една од плажите, објави порталот „НоваТВ“.

На видеото се гледа како со багер возилото се извлекува од една од плажите.

Засега не познати причините како автомобилот завршил во водите на езерото.

Пред неколку дена автомобил со скопски регистарски таблички падна во море во Неа Каликратија, Грција. На социјалните мрежи се споделуваа фотографии од него, кој за среќа бил празен. Во несреќата немаше повредени.

Се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени.

-Поздрав, би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно кревање рачна кочница и автомобилот секогаш во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија, кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа, немаше никој во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски регистарски таблички“, стои во објавата на регионалната фејсбук-страница „Grcka info“.

Коментари

Популарно