ВИДЕО: Ивона Јо потсети како изгледала пред 10 месеци

Пред 10 месеци, поточно во август минатата година, Ивона Јовановиќ од Куманово, позната како Ивона Јо, се одлучи за интервенција во Турција со која ѝ беше направено кратење на желудникот.

Пејачката со исклучителни вокални способности која долго време јавно зборуваше за нејзината прекумерена тежина и тоа го истакнуваше и на социјалните мрежи, сега, 10 месеци подоцна сподели интересно видео во кое ги покажа воочливите разлики.

Имено, на видеото кое може да го најдете на нејзиниот Инстаграм профил, може да видите како изгледала пејачката веднаш по операцијата, но и како изгледа денес, откако ослабна повеќе од 60 килограми.

„Сакам вака да го прославам десетиот месец постоперативно. И да кажам. Ти благодарам Боже!“ - напиша познатата кумановка покрај инспиративното видео.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Коментари

Популарно