- Добро утро и добар ден љубоморни особи што не ме вадите од уста... не се секирајте за мене не сум здебелена пак, затворете си ги муцките и тркнете до теретана. Фокус на себе малце - порача Антониа Гиговска на Инстаграм, покажувајќи го тонираниот стомак со дефинирани стомачни мускули.

Оваа нејзино обраќање следи по нејзините нови музички остварувања, настапот на фестивалот „Скале“ во Црна Гора, објавувањето на новите песни, наградата во Србија за поп пејачка од Македонија.

Таа периодов е многу активна во музиката, па најверојатно покрај позитивните коментари, е мета и на негативни и невкусни коментари, пораки и озборувања, на кои не им остана должна.

Пејачката денеска објави уште една „фотосесија“ во танга бикини.




