Игор Џамбазов: “Му ја кренав раката, а тој се стопи“

Македонија и Балканот со горост сеќаваат на големиот човек и пејач, Тоше Проески кој трагично заг ина во 2007 година, во својата 26-та година од животот.

Тоше на 16 октомври се упокои во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац во Хрватска. Пејачот спиел во џипот кој удрил во шлепер пред него.

Тој во 2004 година беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на UNICEF, а исто така е и добитник на хуманитарната награда “Мајка Тереза”.

Во текот на својата кариера, Тоше објави десет албуми, а неколку и во превод на српски и хрватски јазик.

Последниот албум на кој работеше беше „Игри без граници“, а по неговата смрт беа објавени уште три албуми со негови песни.

– Што да се каже или напише за Тоше? Што не е кажано или напишано за Тоше? Или пак, во оваа ера на жолт печат и инстант небулози, повеќе нема место за, искрени и чесни души каква што беше неговата“, напиша Игор Џамбазов за Тоше во една прилика.

А… Сите сакаа да бидат како него. Сите сакаа да бидат до него. Сите сакаа да се сликаат со него. Сите сакаа да зборуваат за него. Сите сакаа да се расплачат од него.

И сите плачеа… Тој ден сите плачеа. Тој ден сите ние загубивме по еден дел од себе. Смр тта на Тоше кај нас Македонците е некаков еквивалент на смртта на Џон Кенеди кај Американците.

Сите оние што живееле во времето на тој можеби најпознат атентат во историјата, точно знаат каде биле во тој момент, со кого биле, што правеле, што зборувале и како реагирале на објавувањето на трагедијата. сите ние вечно ќе го паметиме тој момент.

И тешко дека ќе го заборавиме. Јас пак никогаш нема да ја заборавам нашата прва средба. Прилеп, 1997. во домот на културата, фестивал на млади пеачки надежи, од целата земја.

Зад сцената беше врвулица од тинејџери кои едноставно…не престануваат да пеат. Најмногу се истакнуваше една група од средното музичко училиште во Битола, во која беше и Тодор, се запознав со сите.

Се сеќавам дека тој ми персираше, не се сеќавам дали го правеа тоа и другите деца, но тој го правеше тоа на посебен начин. по тоа и го запаметив …

И на крајот на фестивалот, кога жирито го прогласи за победник, ептен му се израдував, ми беше мило што такво пристојно и воспитано дете успеа.

И навистина успеа, само пет години подоцна стана sвезда, работевме заедно, како ексклузивци на продуцентската куќа Авалон.

Бевме заедно на таа, досега најголема турнеја на македонски уметници во Австралија. Никогаш нема да го заборавам ова:

Во тоа време, по цел ден свирев прим, тоа еден прекрасен стар инструмент, сличен на мандолината, вежбав по неколку часови дневно, за потребите на еден филм, вежбав веќе неколу месеци. И навистина напреднав во свирењето…

И додека летавме со авионот кон Сиднеј, свирев за да ја уби јам здодевноста, кога и тоа ми стана здодевно, некаде над Дубаи, го оставив примот, а Тоше ме праша: Може да пробам малку?

И драг мој читателу, момчето почна да свири на инструментот што го имаше во рацете за прв пат. Отпрвин малку срамежливо, па се посигурно и посигурно…

Она што јас го вежбав со месеци, Тодор го совлада, а авионот не беше стигнат ни до Сингапур.

Тешко е да се заборави таков човек, скоро невозможно. Дури ни времето, тој немилосрден уб иец на спомени, не му може ништо.

Иако, нашите радија и телевизии како да го забораваат, се сеќаваат на него два-три пати годишно. Сакам да им порачам еден поразителен факт:

Ако го ставиме кичот и шундот од една страна и нашиот ангел од другата, односот е десет на еден. Десет полуталентирани на еден суперталент. Не е убаво. налет друго, не е фер.

А тебе Тодоре, драг мој пријателе, те поздравувам. Набргу ќе се видиме, сакале-нејќеле. Иако јас не сум сигурен дека мене ќе ме пуштат таму каде што си ти.

Но, ако фатам врски преку дедо ми, и ако ме пуштат… Ќе биде забавно…“, напиша Игор во својата кнога, а ова го објави порталот Мајка ти и татко ти.

Игор Џамбазов на Фејсбук објави приказна за фестивалот Мелфест во Прилеп. Овде всушност, биле почетоците на нашиот ангел, Тоше Проески. Сега, Мелфест пак ќе се одржува, а Игор раскажа за ноќта што никогаш нема да ја заборави, кога за првпат го видел Тоше.

– Оваа ноќ никогаш нема да ја заборавам. Го водев МЕЛФЕСТ, во тоа време, 1997-98 година, популарно талент-шоу кое таа вечер успеа да ја лоцира и да ја лансира на небото најголемата музичка ѕвезда во историјата на Македонија.

Таа ноќ за прв пат го сретнав Тоше. Тогаш се уште Тодор. Го прогласив за победник, па му ја кренав раката високо над главата, како на бокс-меч. А тој се стопи. Од среќа.

Па летна кон ѕвездите… Во четврток, на 30 јуни, ќе се обидеме да пронајдеме еден нов Тодор. Ако таков воопшто се родил… П.С. И да нема забуни. Тој слабиот со долгата коса сум јас…“, напиша Игор.

Снимката од настапот на тоше на овој фестивал кој го водел Игор, можете да го видите ОВДЕ

Коментари

Популарно