Американската одбојкарка Кајла Симонс мораше да ја жртвува спортската кариера поради провокативните фотографии кои ги објавуваше на социјалните мрежи.
Симонс успешно се натпреваруваше за Универзитетот Маршал во НЦАА-лигата, но поради нејзините облини привлече големо внимание и доби епитет на најзгодна одбојкарка.

„Ме избркаа од тимот затоа што сум објавувала непристојни фотографии. Бараа да го избришам профилот од социјалните мрежи“, откри девојката.


Одбојкарката реши да не го избрише профилот и стана успешен фото-модел, па сега има околу 800.000 фанови на социјалните мрежи, а во јули се фотографираше и за Плејбој.




Видеото можете да го погледнете ОВДЕ