ВИДЕО: Теа Таировиќ запросена на настап од момче од публика!

Теа Таировиќ моментално е една од најангажираните пејачки на јавната сцена, а доказ за тоа се бројните настапи кои ги има закажано за оваа година низ регионот и Европа.

Пејачката е позната и како „кралица на бакшишот“ бидејќи на секоја забава е одлично украсена со банкноти, но овој пат од обожавател доби нешто друго – веренички прстен!

На социјалните мрежи се појави снимка од настапот на Теа, каде младо момче извади прстен и ја запроси пејачката.

Погледнете како изгледало запросувањето, но и како изгледа прстенот кој го добила:

Коментари

Популарно