ФОТО: Меган Фокс и Кортни Кардашијан се гушкаат во танги

„Дали треба да отвориме профил на сајт за возрасни“ – ги праша Меган Фокс своите следбеници на Инстаграм откако објави неколку секси фотографии на кои позираат заедно со Кортни Кардашијан.

Меган Фокс (36) и Кортни Кардашијан (43) заедно позираа во новата фотосесија за брендот на Ким Кардашијан, SKIMS.

Меган Фокс на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од снимањето до кои напиша:

„Зад сцената од фотосесијата за SKIMS со Кортни Кардашијан. Што мислите, дали треба да отвориме профил на OnlyFans?“

Двете девојки кои станаа најдобри пријателки благодарение на нивните партнери, Машин Ган Кели и Тревис Баркер во фотосесијата позираат во црна долна облека, а приредија вистинско изненадување за нивните обожаватели благодарение на смелите пози.

Во коментар до фотографиите, најстарата од сестрите Кардашијан, Кортни напиша:

„Многу сме слатки.“

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

Коментари

Популарно