Здравко Чолиќ синоќа имаше концерт во Битола. Таму во први редови беше и поранешниот менаџер на најпознатиот пејач на екс Југославија, Велимир Џаровски Џаро.
Чолиќ додека беше качен на бина му пријде на Џаро и му ја бакна раката, му се поклони и на микрофон кажа дека тој е неговиот прв менаџер.
„Вечерва со нас е мојот драг пријател и менаџер Велимир Џаровски Џаро. Еден аплауз за нашиот Џаро, југословенскиот менаџер“, рече пејачот.