(Фото) Сара Мејс и бебето Кирил ја напуштија болницата, Илина не се двои од мајка си

„На среќата ѝ нема крај“ – напиша популарната македонска пејачка и харфистка Сара Мејс до фотографиите на кои се гледа како заедно со ќерката Илина и сопругот Димитар Атанасовски ја напуштаат болницата.

Сара ја напушти болницата во краток светло зелен фустан, а објави и повеќе фотографии од синчето Кирил и ќерката Илина.

По неколку денови поминати во болница, Сара објави фотографии со кои најави дека си одат дома заедно со новиот член на семејството. Димитар го носи бебето во транспортер, а малата Илина се држи до мама.

Претходно во Инстаграм Стори пејачката покажа дека големиот македонски празник Илинден и именденот на нивната ќерка го поминале разделени.

„Кирил, добредојде. Сестричкава, татково и мајкава те сакаат најмногу на свет! Едвај те чекавме, нè прерадува! Да си ни жив и здрав, да нè радуваш и добро да делуваш“ – напиша таа до фотографиите.

Инаку, за потсетување, Сара Мејс и Димитар минатата недела (на 20.07.) го добија своето второ дете, синот Кирил, а Илина доби братче.

Погледнете ги новите фотографии со бебето Кирил:

Коментари

Популарно