ФОТО: Македонската водителка незадоволна од својор изглед во бикини, сепак ги објави фотките

Познатата водителка на утринската програма на Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска која е една од омилените јавни личности во јавноста, особено поради нејзината природна убавина, насмевката и искреноста со која зрачи сподели фотографии од неа на која таа е во бикини.

Покрај објавата водителката истакна дека по раѓањето на втората ќерка, Јоана, по царскиот рез ѝ е потешко да го намали стомакот и тежината, но сепак е горда и задоволна, бидејќи како што истакна има две дечиња и сопруг кој, како што наведе таа бил приморан да ја фотографира.

- Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку:)

Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика 😂

Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите.

❤️❤️❤️

Коментари

Популарно