Македонската поп пејачка Тамара Тодевска и досега и беше позната на македонската јавност по нејзините драстични промени, како во стајлингот, фризурата, но и физичкиот изглед.

Сепак овој пат, 37 годишната скопјанка се надмина себе. Најпрво, Тамара никога не била позгодна. Очигледно иминатиов период посветила многу време на вежбање и правилна диета.

Освен на фигурата, Тамара „поработела“ и на фризурата, како дел од новата Тамара, а и стајлигнот во склоп со кратката руса коса.

Тамара фотографиите ги објави на социјалните мрежи со краток текст:
- Охрид, дали се слушаме? [🤍]