Српската пејачка потрошила 3.000 евра на забава за само 4 часа

Пејачката Ана Севиќ е во Црна Гора како и повеќето нејзини колешки, а нема дилема дека решила одлично да се забавува.

Според извештаите, Ана потрошила дури 3.000 евра во Црна Гора за само четири часа. Пејачката престојувала со сопругот Даниел Недељковиќ и ќерките, како и со синот во хотел во Будва, но завчера брачната двојка решила да ги остави децата на бебиситерки и да оди на луксузна забава во Порто Нови.

- Ана и Даниел решија да се почестат! Отидоа на луксузна плажа, каде неодамна беше Новак Ѓоковиќ - рекол изворот.

– Уживаа во скапо вино, азиска храна и добра музика, а тоа задоволство ги чинеше дури 3.000 евра – изјавил извор за Pink.rs.

Ана во оваа прилика сподели и фотографија од ова мошне луксузно место, а многумина изјавија дека фигурата ја довела до совршенство, со оглед на тоа што се породила пред само неколку месеци.

Коментари

Популарно