Прекината е истрагата за сообраќајната несреќа, во која загина Ен Хеч

Полицискиот оддел во Лос Анџелес откри дека истрагата за несреќата нема да продолжи:

– Истрагата за сообраќајната несреќа што се случи на 5 август во Калифорнија, во која актерката Ен Хеч се здоби со смртни повреди, ќе биде завршена по вчерашната вест дека актерката починала. Од денеска нема да има дополнителни истражни активности за овој случај. Сите информации или записи побарани од властите пред овој пресврт ќе продолжат да се собираат и формално да се додаваат во случајот.“

Да потсетиме, актерката под дејство на психоактивни супстанци со својот автомобил влетала во гаража на двокатна куќа, која и припаѓала на Џенифер Дуранд, но била изнајмена од жена по име Мишел. По судирот избувнал пожар што ги зафатил куќата и возилото во кое била актерката, а во кој што биле уништени предметите на споменатата жена.

Коментари

Популарно