Мицкоски: Заминувам од политиката ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни промени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе ја напушти политиката доколку некој од партијата гласа за промени Уставот, под овие услови.

„Тогаш јас ќе си заминам и ќе ја напуштам политиката“, изјави денеска Христијан Мицкоски.

„Иако од власта ќе продолжат со притисоците и со изјавите дека имало пратеници од раководството. Нема такви. Тука сакам да ја затворам таа тема – по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема, јас гарантирам.

Ако гласа некој, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика ако јас додека сум претседател, под овие услови биде променет Уставот“, подвлече Мицкоски.

За новиот документ што го изнесе бугарскиот технички министер за надвореши работи и за текот на разговорите меѓу Македонија и Бугарија, Мицкоски вели дека целокупниот процес е предаванички и калкулантски, а македонската дипломатија капитулираше.

„Тоа е нок-даун за македонската дипломатија. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија. Тука ќе предупредам на еден процес што се обидува да го води власта – „што да правиме, Европа така не тера“. Тоа не е точно. Европа не не тера. Не смееме да потпаднеме на таа провокација. Европа има чесни намери, ги отворила вратите за Македонија, јас верувам во тие чесни намери, но знам кој има нечесни намери – Владата во Софија и оваа наша некреидбилна и корумпирана власт, а единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација. Тоа не е европеизација“, рече Мицкоски.

Коментари

Популарно