Возачот немал ниту алкохол, ниту други наркотични средстваво крвта

Возачот на автобусот Д.К. од Србија, кој синоќа имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, на автопатот Тракија, му е одредена мерка задржување од 24 часа, соопшти утрово бугарската полиција.

Иако синоќа се појави информација дека на возачот му е ампутирана ногата, министерот за здравство Златибор Лончар денеска демантираше и појасни дека се работи за еден од родителите на децата.

Како што дознава Курир.рс, семејството на возачот Д.К. се уште нема точни детали како дошло до несреќата, се уште се во шок од целата ситуација, но она што можеа да ни го потврдат е дека ногата не му е ампутирана како што првично беше соопштено.

Возачот наводно се здобил со полесни повреди и според се уште неофицијални информации има скршеница на раката. Синоќа му биле тестирани алкохол и дрога, но двата резултати биле негативни.

МВР соопшти дека причина за несреќата е или човечка грешка или технички проблем.

Истражителите сметаат дека возачот на автобусот поради некоја причина изгубил концентрација, поради што автобусот излетал од патот и завршил во канал.

Осум деца и четворица возрасни се повредени кога српски автобус падна во канал и се преврте на автопатот кон Софија во Бугарија.

Најголем дел од повредените се деца, кои, како што потврди, претежно се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Батајница.

Децата се враќаа од фестивалот во Несебар, а со нив беа и нивните родители.

Причината за несреќата се уште не е позната, но според сведочењето на патничка, автобусот го напуштил патот во моментот кога возачот се наведнал да го спушти совозачкото седиште, за да може родител со болно дете да седне на тоа.

Коментари

Популарно