(Фото) Летото нема крај за познатата македонска продуцентка

Иако веќе се ближиме кон крајот на септември, и во Македонија имаме студени утра, македонската продуцентка и водителка Елена Најдоски, реши да ги искористи максимално последните сончеви денови. Таа на своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“,  им откри дека деновиве заминала во Грција, а ова патување воопшто не било планирано.

Продуцентката Најдоски, утрово сподели фотографија на својот „Инстаграм“ профил, на која може да се забележи дека ужива во вкусот на утринското кафе во опуштена атмосфера на плажа, покрај море. „Ова патување излезе сосема неочекувано, ама кафе на плажа секогаш е добредојдено“, напиша водителката во описот на објавената фотографија. 

Коментари

Популарно