На овие места жената најмногу сака бакнежи

Повеќето жени сакаат бакнежи на вратот затоа што ги возбудуваат, а најпријатно им е кога ги бакнувате од косата до клучната коска.

Бакнежот на челото сигурно нема сексуално да ја возбуди, но на тој начин ќе и покажете дека ја сакате.

Долниот дел на грбот – со бакнување на тоа подрачје, можете сексуално да возбудите жена, бидејќи од таму започнуваат сите нерви кон гениталиите.

Постојат бројни нерви на врвовите на прстите, што ги прави чувствителни на допир. Кога бакнувате таму за време на сексот, возбудата може само да се зголеми.

Со бакнување на брадавиците се ослободува хормонот окситоцин, познат и како љубовен хормон, а кај некои жени брадавиците се поврзани и со гениталиите, така што можете да испратите сигнали до нејзиниот клиторис со бакнежи.

Ушите можат да бидат прилично чувствителни бидејќи содржат краеви на бројни нерви.

Покрај бакнежите, шепотете и нешто на увото, тоа уште повеќе ќе ја возбуди.

Коментари

Популарно