На модната ревија за колекцијата пролет/лето 2023 наречена „Твинсбург“, модниот бренд Гучи ангажирале 68 пара идентични близнаци.
Пред почетокот на ревијата, директорот на „Гучи“ Алесандро Микеле истакнал дека ја посветува на неговата мајка Ералда и нејзината сестра, близначката Џулијана.
-Две извонредни жени кое своето сестринство го одбележаа со конечен печат. Живееја во исто тело. Исто се облекуваа и чешлаа, вели тој.
Секој пар близнаци на сцена се појавил независно, одвоени во ѕид од огледала во средина и оделе по пистата во исти модели.
Оваа ревија била подготвувана со месеци и биле вложени големи напори за да се пронајдат толкав број идентични близнаци кои ќе ги носат моделите.
Необичната модна ревија на „Гучи“ предизвика големо внимание во Милано.