На „gorivo.mk“ беа објавени најновите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ во Република Македонија.
Цената на литар бензин БС-95 се намалува за половина денар и од полноќ ќе се продава по 84 денари, додека бензинот БС-98 ќе се продава за денар поевтино, т.е. 86 денари.
Дизелот, од друга страна, ќе поскапи и од полноќ ќе се продава за 91 денари за литар.