Скопјанка (51) земала 600.000 денари кредит со лажна потврда за вработување и лични примања

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.З.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит".

Во текот на 2021 година, со намера да прикаже дека е кредитоспособна при аплицирање за одобрување ненаменски потрошувачки кредит во една од банките, кон апликацијата за кредит приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа.

На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да ѝ одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари, за кој износ ја оштетила банката и се стекнала со противправна имотна корист.

Коментари

Популарно