Со Северина само скандали, а со неа ужива во љубовта

Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина, веќе подолго време ужива во новата љубов со русокоса, која во никој случај не наликува на пејачката.

Имено, освен нивниот сосема поинаков изглед, нивните карактери се сосема спротивни.

Откако стави крај на бурниот и многу краток брак со регионална музичка ѕвезда, ја запозна Бојана и со неа основаше семејство и дом. И иако е помлада од него, дури 28 години, се чини дека оваа голема разлика воопшто не влијае на нивниот хармоничен однос.

Од голема љубов тие добија два сина – Милан и Ѓорѓе, а набрзо нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член. Тие се исклучително среќни што наскоро Бојана ќе роди девојче. Сопругата на Милан Поповиќ не сака јавно да се експонира, а бизнисменот своевремено пред медиумите зборуваше за неа како за примерна жена.

-Со неа нема кавги и расправии, дури и сега кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни. Таа е слатка, драга и прекрасна мајка, а тоа ми е многу важно, изјави Милан.

Од друга страна, тој нема добро мислење за поранешната сопруга со која доби син. Односите меѓу нив се веќе подолго време затегнати, а проблемите околу старателството на малиот се решаваат преку суд со бројни скандали кои ги полнат страниците на весниците. Бизнисменот смета дека поради природата на работата на Северина, таа не може целосно да се посвети на нивното дете, а тоа треба да расте со својот татко.

Коментари

Популарно