Скопјанецот кој си го уби тримесечното бебе во 2004 година извршил грозоморно дело за кое бил во затвор 13 години

Трагедија во скопската населба „Топана“. Татко си го уби три месеченото бебе. Го удирал со клоци, лекарите на карил безуспешно се обидувале да го спасат. Бруталниот напад се случувал пред очите на мајката и трите нивни деца. Упасен е и доби најмалку 30 дена притвор. 44 – годишниот скопјанец и во 2004-та убил човек. Одлежал 13 години во затвор.

Доцна по полноќ, наместо да спие, тримесечното бебе станало жртва на својот татко. Нагрнал со клоци и боксови и го убил синот. Чедморството се случило пред очите на целото семејство. Трагедијата започнала со семејна расправија, а завршило со убиство на бебето. Ниту, мајката не успеала да го спаси синот од налетот и добила удари од разбеснетиот сопруг. И лекарите на Карил се бореле за неговиот живот, а повредите на главата биле фатални.

„Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало“, се наведува во соопштението на јавното обвинителство.

44 – годишниот убиец е скопјанец. По крвавиот напад на слобода останал уште 8 часа, а полицајците од станицата „Бит пазар“ го уапсиле и заедно со првичните докази го предале на обвинителите.

„Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, односно „лишил од живот лице при вршење на семејно насислство“ кривично дело со најмалку 10 години затворска казна, посајснуваат од Јавното обвинителство

С.Б. е зад решетки откако судот го прифати предлогот на обвинителството дека може да избега, да влијае на сведоците, но ида го повтори делото. Најмалку 30 дена ќе биде во истражниот затвор во Шутка. За Телма од судот, пак, информираат дека овој човек и во 2004 –та извршил убиство и одлежал долгогодишна затворска казна.

„Лицето С.Б. во 2004 –та година извршил кривично дело убиство и во судската постапка против него осуден е на 13 години затворска казна. Казната е одлежана“, одговорија за Tелма од Кривичниот суд.

По грозоморното чедоубиство во случајот се вклучува и надлежното министерство за труд и социјална политика. Родителот- убиец има уште три малолетни деца на возраст од 17, 6 и 4 години, сведоци на убиството, но и жртви на семејното насилство. Социјалните служби бележат раст, но и мал процент на жртви кои побарале заштита во сугурни засолништа.

Коментари

Популарно