Онишенко изненаден по најавата дека ќе му биде одземен пасошот

По најавите дека Владата ќе го чешла досието на Олесандар Онишченко и ќе проверува дали барањето за државјанство го поднел со лажни документи, за да се отпочне постапка за негово одземање, се огласи и украинско – македонскиот коњички репрезентативец.

Во изјава за Слободен печат вели дека е изненаден од постапката бидејќи како што изјавува во неговиот случај немало никаква измама.

Тврди дека имал руска и украинска патна исправа, а во Македонија аплицирал со руските документи бидејќи претходно ја претставувал Русија на еквестријан натпреварите.

„Имам само валидни документи, не можам да имам невалидни, јас сум официјално лице“ – истакнува контроверзниот украинец.

Коментари

Популарно