Утре без струја повеќе скопски општини

ЕВН информира дека утре, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Сарај, Центар, Илинден и Ѓорче Петров.

Од 08:15 до 10:30 часот, без струја ќе бидат, дел од корисниците од с. Глумово, Шишево и Матка, во општина Сарај.

Од 08:30 до 14:30 часот, дел од улицата „Партениј Зографски“, од бр. 65 до бр. 77, во општина Центар.

Во период од 08:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. 531 и дел од ул. 532, во општина Илинден.

Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Хераклеја“, „Никола Пушкаров“, „Браќа Чакреви“, во општина Ѓорче Петров. 

Коментари

Популарно