Кејт го стави ѓерданот од 15 милиони долари, што последен пат го носеше принцезата Дијана

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги воодушеви обожавателите на британското кралско семејство со својата модна комбинација во која пристигна на наградите Earthshot 2022 година во Бостон.

Таа носеше зелен фустан со долги ракави од Solace London, кој го позајми од платформата за изнајмување Hurr, пишува Page Six.

Таа ја пуштила косата и го комплетира аутфитот со блескави обетки и добро познато парче кралски накит. Таа носеше ѓердан од смарагд и дијамант што често го носеше принцезата Дијана.

Блескавиот смарагден ѓердан на кралицата Мери не е виден во јавноста по смртта на принцезата Дијана, покојната свекрва на Кејт, пишува Page Six. Ѓерданот е создаден со „редизајн на ѓерданот од смарагд и дијамант кој ѝ бил даден на кралицата Мери за време на Делхи Дурбар во 1911 година“. Се верува дека ѓерданот вреди повеќе од 15 милиони долари.

Изгледа дека со својата зелена модна комбинација Кејт сакала донекаде да го пресоздаде стајлингот на Дијана, кој го носела за време на нејзината државна посета на Малезија во 1993 година, кога го искомбинирала ѓерданот со зелен фустан.

Коментари

Популарно